остави (гл.) - мајка (имн.)

Весна ја замоли Билјана, од парите што ѝ ги остави мајка ѝ за купување храна, да ѝ купи цигари. Билјана одби.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И падна во вечните сништа, остави мајка да тажи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бидејќи ветрот им одеше сѐ наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сигурно ќе ги понесе во душата и како во хербариум ќе навраќа на спомените од Езерото од минатиот живот каде што ја остави мајка си на родниот праг на куќата, на гробовите на предците, на тие извори на трајната меланхолија во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
КАТЕ: А тебе сама ли да те остави мајка ти за да не испрати нас?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Мене не ми треба болен човек дома, беше му рекол на вујка, и ја оставил мајка. После си умре, жената, таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)