остави (гл.) - некаков (зам.)

А.А. повторно излегуваше од шемата. Се доближи Х.Х. Му остави некаква белешка и седна близу нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, на крајот, и обајцата беа убедени, покрај постојните резерви, дека мора да одат напред, во својата потрага, барем да се пресметаат со стотина зборови, избирајќи ја гротеската, хуморот како најмоќно средство за нивниот наум, верувајќи дека само така ќе има некаква смисла нивниот проект и ќе остават некаква трага за идните времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па, што подразбираме под набљудување? Набљудување, во секојдневниот говор, е само мемориската трага што во нашите мозоци се забележува кога надворешниот свет ќе остави некаков впечаток преку нашите сетилни канали на вид, звук, допир, мирис или вкус.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првиот контакт со Грција и не ми остави некаков впечаток, веројатно затоа што контактирав само со нашите кои живеат во Лерин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
“21а ЛИКОВИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ Гемиџиите, велешани, тие што паднале од куршумите на аскерот по солунските улици, биле доста млади и ниту можеле ниту пак сакале да остават некакви податоци за својот краток животен пат и за својата револуционерна борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)