остави (гл.) - ми (зам.)

Останатото мене остави ми го! - прошепна Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ти задржи си ја интуицијата, мене остави ми го текнувалото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оставете ми време, велам, барем сите редови да им ги направам. 198
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ви се молам. Оставете ми ја мене можноста преку сево ова да се извлечам од моите црнила и да му се оддолжам на тоа што сум бил и јас некогаш - младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Остави ми простор за флуидни креации.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)