осветли (гл.) - пат (имн.)

И како веродостоен доказ за вистинитоста на својата приказна ја земаа месечината - Бог направил така, таа ноќ испратил да грее во Потковицата и на земјата јасна месечина, јасна небаре јасно сонце, за да им го осветли патот на праведниците, на свети Јован Крстител и на Бошета нивни: сега веќе не Јанчески, туку нивни, од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не се сеќавам како беше понатаму, но знам дека завршуваше со „ Еве една свеќа да ти го осветли патот, Еве еден џелат да ти го скине вратот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но во секој случај знам дека завршуваше со „ Еве една свеќа да ти го осветли патот, еве еден џелат, да ти го скине вратот!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тогаш еден друг, сосем различен глас, еден тенок, култивиран глас, за кој Винстон помисли дека го слушнал веќе порано, упадна: „И, патем речено, кога сме веќе кај тоа 'Еве една свеќа, да ти го осветли патот, еве еден џелат да ти го скине вратот'.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само рече: Се јави тогаш една светлина на небото што повторно ми го осветли патот!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па сега и будна и насон ги глеам тие о ч и - небаре светлина... и ја молам Богородица Мајчица да му го осветли патот - да ми се врати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вие добро знаете дека со кози и магариња не се стигнува до комунизмот, а со ламби на газие, не се осветлува патот на нашата иднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој од блиските држи по една запалена свеќа, искрена молитва што на мртовецот ќе му го осветли патот до бога.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)