опули (гл.) - кон (предл.)

Ние само се опуливме кон тоа дупката, кон раскопаното и после нагоре кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко се затресе и се опули кон огништето и тивко им рече на домашните: — Бегот, деца, бегот тропа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа се заврте да си ја земе гумата, оти погреши цела реченица, и сама се опули кон Крстата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)