опстои (гл.) - во (предл.)

Ружди живее во егзил односно живее со пукнатината низ која истекува неговата другост, онаа кон која решил да пребегне, да се изолира, да опстои во самоизгон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Скептичниот истражувач на човечките работи, напротив, во тие барања гледа пронаоѓање на душата на народот, онака како што опстојува во нарацијата од памтивек Маргина 36 13 како тие луѓе да се една нација, неделива, и на Бога подложна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Согледувај ги, од тој аспект, оние, кои чувајќи ја лажната стабилност опстојуваат во својата закожурченост (примерот на татко ти).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаеме дека за скоро сите големи традиции на планетата срамот е најнедостоинствената состојба и дека е подобро да се исчезне отколку да се опстојува во психичка агонија предизвикана од неизбалансираните сили на совеста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Барем што се однесува до оној минимален фидбек што уметникот би требало да го прими за да опстои во сопствената опсесивност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зашто изгледа дека „раните претсексуални стварности на геј-искуството“ опстојуваат во обликувањето на субјективното постоење на барем некои денешни протогеј-деца, дури и во релативно просветлениот период по светскиот историски настан наречен Стоунвол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште го чекам оној скитник кој со своето арго ќе го натера судијата да збрише.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе не опстојува во кабинетот на истражниот судија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)