определи (гл.) - на (предл.)

Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и ѝ се пожалуваше на планинската ноќ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од овие, најголема дискусија кај синдикатите, се чини со право, поради својата двосмисленост, предизвика првонаведенава законска дефиниција, којашто работното време го определува на следниов начин – тоа е „секој период (!?) во кој работникот работи и е на располагање на работодавачот, за извршување на работите и работните задачи, согласно со закон“ (чл. 1, ЗРО/окт.09). 24 2.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и се пожалуваше на планинската моќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)