олесни (гл.) - во (предл.)

На Татко му олесна во душата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Има некоја мака што го тера на спиење, што му олеснува во сон...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од ловец стана плен. Немаше ниту малку простор за да се извлече. На Рада ѝ олесни во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повторно ме полаза тага. Се вратив назад со чевлите во хотелската соба и легнав среќен, и олеснет во душата. Заспав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)