одржи (гл.) - веднаш (прил.)

На ова рочиште судот ќе ги определи денот и часот на одржување на првото рочиште за главна расправа – во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште – потоа доказите кои ќе се изведуваат, како и сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да одреди главната расправа да се одржи веднаш по подготвителното рочиште (чл. 278, ст.1 и ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)