одржи (гл.) - свој (прид.)

Големиот црвен кауч, оној кој ќе биде толку многу пати фотографиран следните години - оној црвениот, кој го искористивме во толку многу филмови - Били го најде токму пред “Y”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Амфетаминот навистина те ослободуваше, но тоа го правеше неговиот недостаток крајно забавен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Били говореше дека амфетаминот го измислил Хитлер за да ја одржи својата војска будна и хепи во рововите, но Силвер Џорџ инсистираше дека го произвеле Јапонците, за да можат да извезат повеќе пенкала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ден Горскиот штаб го одржа своето последно заседание.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
• Ве молам, на крај, ко некаков андерграунг гуру, да им упатите порака на сите млади талентирани маусдонски стаорчиња сѐ уште нетоксифицирани од пари-дрога-идеологија- религија, скопските гравитациони столбови - како да ја одржат својата субверзивна свежина, како да се спротивстават на лавините од моронштина што секојдневно нѐ заплискуваат?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе споменавме што се случува: 1. Ориентацијата на сопственото јас е примитивно орална; обземено со недоумица како да ја одржи својата животност, додека при тоа е престрашено да се впушти во што и да е. Тоа е очајно и прежеднето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мртвиот јазол на неговата желба го доведува до точка на самодеструкција: до својата смрт тој јаде „ништо” за да ја одржи својата желба незадоволена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мајчинската љубов ја ограничува детски желба така што детското одбивање на таа љубов во форма на одбивање храна претставува единствен начин тоа да ја одржи својата желба во движење.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Никогаш браќата и сестра ми не можеа да ги заборават мајчините битки да ги одржи своите рожби кои, поради немање лекови, исчезнуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Успеваше да го одржи своето тело младо, свежо, својот тен жив, со дискретните брчки, со белите коси, тие архиви на нашите страдања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)