одрази (гл.) - во (предл.)

Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како резултат, дури и кога ќе ја напуштиме собата да погледнеме екстраспективно на промената на „input”-от во „output” ние не сме многу импресионирани со претпоставената интелигенција која се одразува во „информацискиот процес”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Субјектот што се одразува во својот сопствен објект не може да има свест за процесот, инстанцата што ќе ги опфати и идентификува релатите мора да биде од повисок гносеолошки ред.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Погодноста на контекстот се одразува во физичките состојби на учесниците на сеансата, вклучувајќи ја и активноста на автономниот нервен систем (потење, трема, тресење), положбата, брзината и длабочината на дишењето, состојбата на тонусот на мускулите и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Душевниот грч му се одрази во грчот на челото а од тоа тој веќе не изгледаше млад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како резултат на тоа, звуковниот состав на јазикот прототип L1 и редоследот на звуците во појдовниот систем природно ќе се одразат во соодветниот фонетски редослед на јазикот L, за кого се создава системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со други зборови, настанува воспоставување на фонетски корелации 86 okno.mk врз основа на фонетската сличност на звуците на јазикот L и јазикот L1, чиј систем на писмо се зема како пример.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сети на Босна и на селото Жепа, од каде што го одведоа кога имаше девет години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што не може да се искаже, кое искусните и напатените луѓе го чуваат во себе како скриено добро и кое, само понекогаш, несвесно им се одразува во погледот, движењето и зборот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)