однесе (гл.) - кон (предл.)

Бино се однесе кон ова писмо како Јован кон неговото кога му го однесе Коле Куков на Сињак, та и тој ги повтори тогашните Јованови зборови кога го прочита: „Ќе му кажиме, кога ќе го видиме“, го искина и продолжи со потерата да го брка Јована.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе пак мислеше како да се однесе кон својот сопарник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но веднаш му излезе гласот на неговото родољубие и си рече: „Јас го даду зборот пред оној Толе шо истепа толку Турци, за да му помогна на виа новите Толевци шо тргнале да и истепаат сете Турци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седмо: дека партизаните ќе се однесуваат кон нив фер како воени затвореници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Знам многу арно оти мнозина со иронија ќе се однесат кон моите надежи за европски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Централното или велешко-прилепското македонско наречје никојпат не може да биде по своите особини однесено кон српскиот јазик, зашто меѓу него и централното српско-хрватско наречје или сегашниот српско-хрватски јазик има исто таква разлика како и меѓу чешкиот и полскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Примерите од сликарството какви што се деталите на жени од Вермеровите слики или Бројгеловиот пано со 84 човечки игри, се структури што се однесуваат кон целиот филмски опус на режисерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие се свесни дека промената на господарот значи само дека ќе ја вршат истата работа како и досега и за новите господари, кои ќе се однесуваат кон нив на истиот начин како и старите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Слушај Срцка, овие брези ме однесоа кон брезите на нашиот заеднички поетски идол Есенин. И тој под брезите ги давал ветувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Богдан го засакаа така силно зашто дознаа дека Шандор не им е вистински татко: мајка им им кажа дека нивниот татко умрел кога тие биле малечки и дека таа се премажила за Шандор и сè било добро додека тој не почнал да се однесува кон нив сурово, да ги тепа и да бара начин да се ослободи од нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Насетував како му се будеа агресивните нагони кога од централата му сугерираа како да се однесува кон жртвата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во други денови во мене се побудуваше љубопитство да разберам каква учителка е и како се однесува кон децата, но не можев многу да разберам од првачињата, тие беа сосема малечки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Играта може и сами да си ја предадеме и натаму да ја водиме, да им дозволиме на сопствените бранови да нѐ однесат кон нови ловишта, кон нови возбуди.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Таа можеби ќе не однесе кон целта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А мнозина се однесуваат кон тебе просто со некаква одвратност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дека со посебна грижливост, дури со љубов, се однесува кон книгите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И двајцата и Недиќ и Павелиќ критички се однесуваат кон федерализмот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За Недиќ идејата на федерализмот е хрватска измислица за добивање српски територии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот, кога Суљо-ага ја донесе, кадијата и препорача на субашицата Ајша многу љубезно и внимателно да се однесува кон Анѓа: – Ќе ја гледаш поарно од родена ќерка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го водел очајот, а не некоја мисла и решеност: како да не тргнал да се удави во реката, туку ѝ се препуштил на водата да го однесе кон некое поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ја препознавав нејзината помисла на смртта по онаа грижливост со која дел од луѓето кои гледаат како им се ближи крајот се однесуваат кон оние што ќе останат по нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, кога стоев крај неговиот болнички кревет, Рајнер Рихтер имаше осумнаесет години, а јас имав две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веќе не помнам во кои нејзини зборови ја откривав нејзината ненаметлива грижа за мене, за она што ме очекуваше во животот, но помнам дека при секоја од тие средби ја споменуваше Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш се обеси на вратот од Сатурн, врескајќи како навистина да е луда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секако, сега ќе се однесуваат кон тебе многу подобро. – Но, веќе ти реков дека дојдов само за да телефонирам! – му рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)