одмери (гл.) - сила (имн.)

Александар прво се поздрави со Ема, а потоа со Дарко ги вкрстија дланките како да се подготвуваат да си ги одмерат силите во туркање со раце.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна ги одмерува силите со самиот себе, колку повеќе ќе може да се повредува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)