оди (гл.) - далеку (прил.)

- Ти ми вети дека нема да одиш далеку, - благо ја прекори мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Оние што имале можност да прочитаат, сигурно чуваат податоци што ја откриваат улогата на театарските критичари, ајде да не одиме далеку, да речеме во Америка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие одат далеку, во непознати страни и ги однесуваат со себеси младоста, здравјето, силата и радоста на својот крај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немој да одиш далеку, драга, знаеш дека тешко е без тебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)