оди (гл.) - без (предл.)

На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја чистам, по малку ја окопувам. Не оди без офкање – се тешам дека е добро за линијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Оди без грижа, дедо. Ако ти е убаво в село, остани си и подолго.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И да го мените светот, не менувајте го своето минато, вели дедо, никаде не одете без него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак си ги видов нозете онака: одат без мене, ме заминуваат мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одат без мене, без моите нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Е, сега и јас не си одам без тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Главата не паѓа подалеку од рацете и од нозете свои, вели жената, никаде не оди без нив, вели и повторно се фаќа за работа на чешмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Мршата скапува, а сликата останува, вели. - Душата оди без мрша, велам, ама мршата не ја заборава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не си ги горам јас децата, велам, не им ја грдам душата. - Па душата оди без тело, вели клисарот, само душата негова патува, а само сликата останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)