одекне (гл.) - грмеж (имн.)

Најпрво под нас блесна силен пламен, а потоа одекна грмеж, остар и задушлив, па почна да одзива и да се пренесува од планина до планина...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одекна грмеж. Ноќта се разбранува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само десетина минути по првиот Бојанов истрел, што значеше негова победа над стравот, што значеше и надеж дека ќе истрае и ќе ги победи сите тешкотии што му ги наметнуваше осаменоста и белата опсада, од зад Гола Глава одекна грмеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)