одвлече (гл.) - внимание (имн.)

Мошне мудро се вмеша во разговорот за да им го одвлече вниманието на Саво и Снеже им го одвлече од темата за Бечеј, Нови Сад и Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас со сета сила јурнав и ќе стасав да се мушнам во мртовечкиот сандак, ама тие жените со оние нивните дојки ми го одвлекоа вниманието.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нешто друго ми го одвлече вниманието.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тетка Рајна за целото тоа време се обидуваше да ме зазборува за нешто друго, да ми го одвлече вниманието, но гледаше дека не ѝ успева, па и таа замолче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Па? - Види Алек, може да се случи нешто да им го одвлече вниманието на луѓето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
ТРОШЧЕЈКИН: Па знаете, мене ни земјотрес не ми го одвлекува вниманието, ако заседнам над работата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во еден момент нивната смеа ми го одвлече вниманието.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше строг родител. Сакаше сѐ да контролира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
-Дури кога ќе се најдам на ваква патека сфаќам зошто не ги претпочитам широките улици по градовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов без некоја поодредена намера ми го одвлекува вниманието од збунетоста: - Патекава нуди чудно задоволство - вели тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот писател настојуваше да дознае повеќе поединости за смртта на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но брзо сфатив дека станува збор за неважни поединости стокмени со единствена намера да ми го одвлечат вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има намера да ми го одвлече вниманието на другата страна - се досетив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во сето тоа Дедо Мраз зјапаше, плашливо збунето, до оној момент кога најубавата кукла повторно му го одвлече вниманието, кога нејзината виткост ги надрасна сите убавини што поиграле пред неговите очи, сите волшепства што зачукале на неговото срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да не дозволи ситните провокатори да му го одвлечат вниманието од патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)