одбие (гл.) - обука (имн.)

Во однос на 1.  Закон за социјалната заштита, Сл. весник на РМ, 50/97. 2.  Измени и дополнувања на Законот за социјална заштита, Сл. весник на РМ, 16/2000, 17/03, 65/04, 62/05, 111/05, 40/07, 98/08 и 161/08. 3.  Закон за социјалната заштита, Сл. весник на РМ, 79/09. 173 престанокот на работниот однос е пропишано дека на потенцијалниот примател на социјална парична помош работниот однос не смее да му престанал ниту по негова вина ниту по негово барање, додека во поглед на неговото однесување како невработено лице е пропишано дека потенцијалниот примател не смее ниту да одбие понуда за вработување, која одговара на степенот на неговата стручна подготовка, ниту да одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повторното пријавување во Агенцијата по бришење од евиденција- та на невработените лица по истекот на една година во 2004 година стана можно и во случаите кога невработеното лице кое остварува право на паричен надоместок и право за здравствена заштита не се пријави во пропишаниот рок во Агенцијата и не докаже дека актив- но бара работа во последниот месец (чл. 7), како и во случаите кога невработеното лице нема да се јави или ќе одбие да заснова работен однос соодветен на неговата стручна подготовка кај работодавец кај кого е упатен од Агенцијата или ако одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување во рамките на степенот на неговата стручна подготовка (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  2007: укинување на правото на скратено работно време за работниците- инвалиди (Закон за пензиско и инвалидско осигурување); •  2007: оневозможено е примањето на социјална парична помош ако на работникот работниот однос му престанал по негова вина или по негово барање, ако одбие понуда за вработување, која одговара на степенот на неговата стручна подготовка, или одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување (Закон за социјална заштита);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, се предвидува дека невработеното лице кое од АВРМ е упатено кај работодавач заради вработување и не се јави или пак одбие да заснова работен однос на соодветно или погодно вработување, согласно со овој закон или одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување, се брише од евиденцијата на невработените лица и може повторно да се пријави дури по истекот на една година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)