одбие (гл.) - изврши (имн.)

Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, пропишана е обврска за работодавачот да обезбеди здра- вствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци и проширено е правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зборовите „да одбие да работи“ во ст. 2 од истиот член добија само мала терминолошка преобразба во „да одбие извршување на работата“ (чл. 12 од ЗИДЗРО/ септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сепак, новиот закон, покрај тоа што го задржува правото на работникот да одбие извршување на работа, ако биде изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, го содржи и правото така да постапи и во случај претходно да не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (чл. 45, ЗЗР и чл. 39, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)