одбере (гл.) - пат (имн.)

Велеше: „На враќање од Виена, мојот прапрапрадедо не го одбрал патот на Виа Игнатија, туку скршнал кон Овче Поле за да навтаса кон Едрене, па да фати кон Кападокија, а оттаму по пат што допрва ќе го открива да се врати назад во тивките пространства на Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа Жене го одбра патот отворен со драмата Слугинки (каде што театарскиот механизам беше земен како придвижувач на драмата), а не оној на Строгите надгледувања, на кои Сплендид се надоврзува - веројатно драмата е смислена во исто време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Тој веќе еднаш си го одбра патот кога реши да остане во Памфилија наместо да продолжи да патува и да ја шири Радосната Вест“, му рече тогаш нестрпливо, но Варнава упорно продолжи да го убедува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)