одбегнува (гл.) - го (зам.)

Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одбегнувај го било кој вид на стадо. Не повторувај никогаш, без оглед на бисовите. Не голтај туѓи парчиња, тие лошо се варат, и тоа се забележува. Забавувај се, инаку ни здодеваш.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не наседнувај на работи на кои другите наседнуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)