ограничи (гл.) - на (предл.)

Под Големиот Брат е Внатрешната партија, чија бројност е ограничена на шест милиони луѓе, или малку помалку од два отсто од населението на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во прво време, кога дејноста на гемиџиите била ограничена на полето на идејно- политичките подготовки, потребата од некакви односи не се наложувала.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МЕШАЕВ: Во таков случај ќе се ограничам на тоа, што ќе ви го честитам роденденот, почитувана Антоњина Павловна. (Подава подарок)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така тие сметале дека „Словенија (вклучувајќи ја предвоена Словенија плус Приморско и делови од Истра), Хрватска (вклучувајќи ја Славонија, Хрватска, Далмација и делови од Истра) и Србија можат привремено да бидат ограничени на принципот на апсолутно мнозинство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, што да се прави со Босна и Херцеговина, каде што ниту една националноста нема апсолутно мнозинство? (Во време на изборите за Уставотворното собрание во 1921 година црногорските партии кои го поддржуваа федерализмот ги добија речиси сите црногорски гласови)".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Моето влијание е ограничено на градов. Тој има авторитет над луѓето од целиот остров“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наместо да ги објаснувате нејзините средишни обележја, само ги преискажувате и ги репродуцирате. ‌Затоа, јас ќе треба да објаснувам. ‌Моето објаснување ќе се ограничи на мал број примери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Правото врз основа на кое работниците можеа да купуваат акции под повластени услови се ограничи на оние работници кои имаат минимум две години работен однос во претпријатието кое се трансформира.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се разбира, нема причина нечии манифестации да се ограничат на одредена форма.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со сѐ помалите физички ограничувања (преку можеби неизбежните економски ограничувања), човек би можел да си земе која било посакувана форма.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)