огледа (гл.) - на (предл.)

Се огледа на малечкото огледалце и за големо чудо — не можеше да се познае дека е таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеш да се огледаш на кондурите, да се видиш каков си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отрча до првиот излог и се огледа на стаклото. Во одразот имаше само еден лик. Тој.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Идејата првпат му падна на ум, всушност, кога го замисли стаклениот тег за хартија како се огледува на површината од масата на расклопување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се огледа на прозорецот од еден паркиран автомобил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)