обуе (гл.) - гумен (имн.)

Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)