обрати (гл.) - мене (зам.)

- Овде јас командувам, не ти. Разбра? Ајде прво да преговараме, - ми се обрати мене.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зошто и живите писатели не ми се обраќаат мене туку на читателите на Данте?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, - ми се обрати мене, - друг пат ќе разговараме на таа тема, сега продолжи да раскажуваш, зашто веќе е доцна, ќе треба да си легнеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Првин ми се обрати мене, небаре јас му бев постојана цел: - Не го симнувате погледот од бункерите?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Раскажувај, те молам, - ми се обрати мене.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)