облече (гл.) - со (предл.)

Нашите дедовци наречувајќи се Бугари и не мислеле оти ние ќе правиме од тоа име капитал за да се најадеме, да се напиеме и да се облечеме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Винстон почна да се облекува со бавни, вкочанети, движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во канцеларијата пред онаа на претседателот, ја дочека насмеано лице на убава млада секретарка. Облечена со вкус и нашминкана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)