обземе (гл.) - нов (прид.)

Ја обзеде нова мисла: Сигурно наумил ново бегство од Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме обзеде нов бран мачнина слушајќи го П.П. како ревносно зборува за исчезнатите православни верници и свештеници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле се потсмирив од неизвесното чекање. Но ме обзеде нова возбуда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си го погледна и подигна медалот. Повторно го обзеде нов бран сомневање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја обзеде нов страв дека одвратниот предмет може секој момент да скокне врз неа и затоа почна тивко и внимателно да се повлекува наназад, без да ги тргне очите од змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ме обзеде нова доза страв, ме обли студена пот, но и чувство на некаква храброст оти сум блиску до амбасадата! И тоа чувство ме тераше напред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, откако се смири од пораката во скриеното полициско пусулче, го обзеде нов немир.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)