обземе (гл.) - страв (имн.)

Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеднаш ја обзема страв од она што ќе го затекне кога ќе влезе; за момент дури ги затвора очите, ги стиска усните, потоа решително ги врти клу­чот и кваката и влегува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ме обзема страв. 82.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пијам, тоа не ти е тешко да погодиш, но уште помалку ќе погодиш дека ме обзема страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од ѕидот на ровот се одрони земја. Ја облеа пот и ја обзеде страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И нив и мене нè обзема страв едни за дру­гите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Порано чувствував одбивност кон таквите суштества и за мене беше неутешно кога размислував дека така завршиле толку многу луѓе од нашиот занает…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)