обземе (гл.) - некој (зам.)

Сепак, ги почитував.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Штом ќе завлезете во павилјонот, а тој е, речиси сиот од бел и сив мермер, чувствувате широчина и ве обзема некоја пријатна тишина, особено ако погледнете во пејсажите на најубавите југословенски езера и на Јадранскиот брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме обзема некое недефинирано чувство, ама повторно се натерав да не мислам на најлошото, иако ѓаволот веќе ми беше вгнезден.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А кога ќе влезеш низ нивните порти, те обзема некое чувство на мир и спокој.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како да го обзеде некоја тага по младоста или можеби ненадејна свест за тоа колку е неповратно стар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А не шета и поради тоа што не сака да се сретне со Методија Лечоски, дрварот, оној што личи на него, зашто при секоја средба со него, се штрекнува, го обзема некоја непријатност: како да си се видел самиот себеси во огледало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)