обесхрабри (гл.) - побарувачка (имн.)

Предноста на ваквите системи е во тоа што благодарение на нив би можело да се сочува контролата над уживателите кои евентуално би морале да посетуваат предавања за последиците од дрогата за која се определиле, би биле подложени на постојана лекарска контрола итн. На овој начин уживателите и понатаму во извесна мера би биле обележани, што еветуално би можело да ја обесхрабри побарувачката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинувањето на кривичното гонење би ја зачувало законската забрана за уживање на дрога со што веројатно донекаде би се обесхрабрила побарувачката, додека луѓето што се загрозуваат само себеси не би се апселе. Со тоа би се намалило оптоварувањето на полицијата и би се снижиле трошоците за издржување на затворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
(Вака, всушност изгледаше законот за време на прохибицијата, забраната на алкохол во Соединетите Држави, која беше на сила од 1920 до 1933.)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Третата можност ужива извесна поддршка: задолжително лекарско одобрение за уживање дрога, како што тоа го прават Британците. Сличен приод би бил и ограничувањето на достапноста на дрогата на познати зависници, што би се правело на специјализирани клиники. Во таа смисла власта би можела да бара издавање дозволи на легалните уживатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)