обвини (гл.) - Евреин (имн.)

На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На самиот почеток од религиското верување, тврдеше тој, стои таткоубиството – религијата во своите зачетоци е обид за искупување на гревот што го сториле синовите убивајќи го својот татко во борбата за превласт, и кого потоа го слават како божествен предок.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)