нуди (гл.) - нов (прид.)

Инаку зошто би ни нуделе нови законитости и рецепти секои неколку години не признавајќи дека пазарната економија е недофатлива, неподложна на правило, дека исклучокот е правило?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дискурсот што го промовира целата таа гро­зо­морно анахрона булумента наоколу, која жи­рира, дели награди и објавува книги според единствената, комесарска, метода што ја знаат и според критериуми патриотски т.е. идеолошки т.е. никакви т.е. полоши и од никакви затоа што со никаквите барем владее случајот, за раз­лика од оваа мрачна културна ентропија што ни ја нудат новите наци-идеолози, е дискурс архаичен, полн со патос, плачливо самосожалувачки, екстремно нелуциден и здодевен, но којшто, од друга страна, на некој чуден начин е ефикасен и опасен затоа што оперира со најпризем­ните (најмалку интелектуални и кои најчесто се гола пропагандна содржина, што така добро го знаат разуверените Сербо-Кроати) пориви на човечкиот дух: идеализмот, морализмот и ресентиманот, три најстрашни духовни гревови од кои особено интелектуалецот, според Слотердијк, мора да се чува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Историјата не престануваше да ми нуди нови примери. Можеби уште поуверливи од татковото време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми ја остави како несвесно наследство својата потрага. Пожолтениот ракопис на својата недовршена балканска потрага.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој може да добие нешто од другиот: AI го има својот предмет суштински дефиниран од психологијата, а за возврат нуди нова колекција на начини на размислување за него, и нова интелектуална дисциплина.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)