нуди (гл.) - флоскула (имн.)

Но, проблемот со ваквите буквални толкувања е тоа што бидејќи изгледаат толку зналски, толку сигурни во врска со она што ѝ е битно на машката геј-култура во иконичниот лик на Џоан Крафорд (било да е тоа бучовскиот настап, било да е тоа хиперженствената изведба), таквите толкувања набрзина ги затвораат интерпретациските нешта што се пред нас, претендирајќи на поцелосно сфаќање на односот на машката геј-култура кон женственоста отколку што можат да доловат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа буквализирачка склоност се повторува во објаснувањата што ја нагласуваат мажественоста на Џоан Крафорд – само види ги тие потполнки! – или што ги третираат неа и Феј Данавеј во Најмила мамичке како дрег-кралици, небаре е доволно само со такви размисли да се објасни зошто таа го фасцинира машкиот геј-свет.296 Сигурно, никому не може да му избегаат бучовските театралности во изведбата на Џоан Крафорд во Џони Гитарата, ниту има такви што ќе одречат дека Најмила мамичке почива врз зловесните задоволства на женското подражавање (макар и да било тоа само подражавањето на Џоан Крафорд од Феј Данавеј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да ги согледаат конкретните елементи што, всушност, ја извлекуваат субјективната внесеност на машките геј-гледачи, тие нудат флоскула преправена во вистина за геј-идентификацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)