носи (гл.) - некаде (прил.)

Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Немаше ништо, не успивно ами успокојувачко, во редовниот ритам на тркалата кога се потресуваа при спојот на шините, зашто над дремката преовладуваше свеста дека те носат некаде каде што сакаш да бидеш или каде што не си бил.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)