носи (гл.) - шарен (прид.)

Некое момче од четата на Јане Сандански, носи шарена писана гајда.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Опа-хоп! Опа-хоп! - извика младо, уште голобрадо момче од Разлог.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)