носи (гл.) - прв (прид.)

Жеравите што прелетуваат од југ кон север носат убаво време, носат први вести за враќањето на пролетта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така светкаа пламенчињата на сите страни во ноќта, луѓето грижливо и побожно ја носеа светлината, како да ја носеа првата божја светлина со која зачнал светот и се победила темницата, злото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)