носи (гл.) - нивен (прид.)

По небото, како синџир едноподруго летаа јата диви гуски. Гра-гру! Гра-гру! - се носеше нивното гракање во синиот небесен простор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш се појави новото дете. Ја носеше нивната топка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Е, затоа - го пресече Пандо - ние први го облекувавме нивниот шинел, ги обувавме нивниот цокули и на капите го носевме нивниот знак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стварноста го носи нивното лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си го мислам германски мајор, дека носи нивна униформа, а ваму тој ми зборува бугарски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)