носи (гл.) - голем (прид.)

А потем, позлатени дреи што Кузман на празник само ги носеше голем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бидејќи не сакаше да застане, да ја претресат, како и другите минувачи, стражата и го препречи патот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На плеќите носеше големо бале черги. Чергите ги носеше од перење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Носеше голем буќет и плачеше. Лицето ѝ беше мокро, прекриено со солзи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со години во себе ја носев големата желба да одам во Корча и на тие луѓе на нивниот јазик да им речам - faleminderit и на мојот: благодарам!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од сите страни партизаните носеа големи лимени буриња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)