носи (гл.) - врзан (прид.)

Некои кучиња полесно научуваа, други потешко ја наоѓаа трагата; но војниците продолжуваа да ги измачуваат: безброј пати ги тераа сè истото да го чинат: да прескокаат преку огради, преку ендеци, да лазат по земја, да се провираат под жица; да се качуваат по скала, да клечат на едно место притаени со муцката до земјата и да не мрдаат додека не добијат одобрение, да скокаат од покривите, да скокаат преку оган, да носат врзани пакетчиња динамит на мевот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)