носи (гл.) - кај (предл.)

А сега бујрум со мене да ме носиш кај тој, како се викаше...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што требаше јас да носам кај Ризван-бег? Таму имаше сѐ, беговска куќа, еден сарај жолтееше како сонце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На сите ни стана јасно. На Сталинка ѝ беше дојдено времето да ја носиме кај прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Сигурно сака, но тешко му е да прима посети,“ одговори Матилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ретко го носеа кај Зигмунд. „Дедо можеби сака да го посетам,“ рече кога Матилда го доведе кај нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Коларот рече дека таа вар ја носи кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)