носи (гл.) - во (предл.)

Нејќам луѓето да ме носат во лоши спомени, мислам не е фер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сме се виделе толку години, а веќе од прва се испокаравме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Даваше помалку млеко, непредвидливо истрчуваше од дома кога ќе насетеше дека други кози, со по некој прч, ги носат во дивиот дел од паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога селанецот се доближи до стражата, еден од заптиите извика: - Стој, бре ѓаур! Дај да видам што носиш во кошницата!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еве, има уште два дена до Велигден.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ја носи во очите сиот живот таа слика и во сеќавањето го носи она насетување и стресеност на животинче, кое иако првпат го видело она нешто и, иако без ука, знае дека е тоа птицата на страста и сладоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак, сметам дека треба да се одбележи дека помеѓу Витгенштајновите разлози за спротиставување на интенционалистичкото објаснување, се наоѓаат и извесни поенти кои можат да се јават единствено како резултат на неразбирањето на она што тоа го носи во себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
” Го прашав кој е и кога ми кажа дека е некој училишен весник, му реков да продолжи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
“Па, носам она што сите го носат во Фектори, рече и ме погледна, линиеста T-shirt, малку пократка, преку друга Т-shirt, така ние тоа го сакаме овде... и Левиски... и, погледна во моите нозе, штотуку престанав да ги носам оние глупави црни работнички кондури, сега носам многу порафинирани Beatle-boots со рајсфершлус од страна...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
При тоа тие како автомобилите од научно-фантастичната авантура на филмот „Враќање во иднината” во тематскиот парк „Јуниверсал” ве носат во минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се шепотеше дека ќе ги носат во посебни собирни центри за нивни сонародници, кајшто ќе останат сѐ до крајот на војната, но и тоа дека ќе ги однесат на пат без враќање.  Откако фатија да се шират тие гласини, Рашела одново почна да спие дома, кај нејзините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најгоре е почетокот на злото: раѓањето на нацизмот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разбира, во Париз никогаш не може да се види само куче - тоа секогаш е со својот стопан, а помалите се носат в раце и се негуваат, како и малите деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да ги добиев вчера, да ги добиев макар денеска пред тргање на школо, јас ќе го предварев овој удар што не лесно се залечува, немаше печат на катадневна потсмешливост да се одбележи на оној убав лик што го носев во себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но не ја оставив да тагува и да блада по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И вие да сте на мое место - така ќе постапевте: не можам мајка ми да ја оставам сама да ја носат в логор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме чувала додека мама била на работа, не се согласила да ме носат во јасли и градинка - како што ги носат другите деца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но и тој беше слуга и роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап" та им отворија и крчма, и фурна, та дури и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тоа политичките затвореници, не криминалците - нив ги носеа во поправни домови, да ги превоспитаат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- По едно време нè кренаа, ќе нè носат во поголемиот град, околиско место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Значи, таа само им олеснува на некои личности да се ослободат од инхибициите и да го изнесат на површина она што веќе го носат во себе во некоја специфична естетска форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зборовите што настојувам да ги сведам на пристојно бладање понекогаш како да се знак на неминовноста иако зафатеноста со нив ми се чини како враќање во некое дамнешно лудило од кое упорно бегам а тоа сè поупорно ме следи или, што е уште поверојатно ова лудило, без да забележам, отсекогаш сум го носел во себе како залог, како амајлија, како објаснување за моето чудење пред она што ми се чинеше живот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѓупки доаѓаа со автомобили да продаваат шверцувани чаригави и тантели, пристигнуваа скитници со спрејови против муви и масла за залижување на косите, бадијалџии навечер по пазарите собираа фрлано овошје и зеленчук, и утредента со такси го носеа во Брезница да го продадат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти, радост што носиш во едрата и бедрата, жалосна убавице, брезо во темнината... Не свенувај! Ти љубов си...љубов ќе се викаш.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако повеќето луѓе мислат дека не ја носат во себе, се лажат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа те подучив да пронајдеш начин како да ја ослабиш сомничавоста, што сите ние ја носиме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Манастир и ти носиш во своето срце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Па почнав да правам столни лампи со убав ажур, секоја за себе посебна и оригинална и истите ги носев во некои специјализирани продавници каде што се продаваа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се обидуваат да избегаат од тој свет, но длабоко во себе, во својата свест и паметење ги чуваат сликите од тој свет што како неизлечива рана го носат во себе...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа што го видов и доживеав засекогаш ми се врежа во паметењето, но раскажувањето на мајка ми, Фимка, која тука, заедно со илјадници други, доживеа мачно и тешко време што траеше цели шеснаесет месеци, долго го носев во себе одлучен да го спасам од заборавот и да го сочувам во пишан збор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Скришум бришев солзи кога по некој ден, по некоја недела, ретко по некој месец, многу од тие исти момчиња и девојки ги носев во истите болници и од нив дознавав кого веќе нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Органџиев, кој случајно одејќи по една улица, видел дека Павела го носат во спровод.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Сосем не! Дојдов да ви изјавам најсериозно дека ќе дејствуваме и да ве предупредам да ги преземете потребните мерки за да се зачувате од некаква опасност“ - одговорил гордо Орце и покажал една бомба што ја носел во џебот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа не беше многу далеку, но се чудев како можеше да ја носи в раце Ели, која беше доста дебелка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не ѝ кажав од што се плашам, но таа претчувствуваше дека не ми е страв од она што го гледав таму, туку од она што го носев во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велеа дека ги носат на присилна работа, ама ние знаевме дека ги носат во логори на смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе ја пуштеа, Клара се среќаваше со Сара и со мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се зборуваше дека противниците на идеалите на кои требаше да биде изградена новата Германија, ги носат во логори, и ги принудуваат на тешка физичка работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му кажуваше дека доволно е некоја жена да се побуни за своите права во бракот, и мажот да ја пријави како луда, па да ја сместат зад решетки; доволно е сестрата да побара имотни права по смртта на родителите, и браќата да ја сместат во лудница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Безброј луѓе се дел од секое од тие човекосоѕвездија; секој човек припаѓа на онолку човекосоѕвездија, од колку што зраци му е составена светлината; безброј луѓе се поврзани во секое човекосоѕвездие дури и кога не се познаваат, дури и кога нема никогаш да се видат: за да се биде дел од исто човекосоѕвездие не е важно со другите од тоа човекосоѕвездие да се биде близу и да се живее во исто време, туку да се носи, во својата нематеријална светлина, оној зрак што е карактеристика на човекосоѕвездието.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го отворив, и пред мене се покажаа пелени, чевличиња малечки колку палец, плетено капченце, бебешка пелеринка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Годините минуваа, и еден октомвриски ден почина татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ја земав Клара со себе, кога одев во посета на брат ми во болницата, и тогаш се распрашуваше како да им се помогне на оние жени кои без потреба и насила ги носат во лудниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнав кон шкафот во кој години пред тоа ги прибирав алиштата за детето кое го носев во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден ден брат ми реши да ми покаже дел од она за што Сара, Клара и јас имавме само слушнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаевме, и чекавме да дојде ред на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така луѓето, заради сродноста на зраците кои ги носат во себе, прават човекосоѕвездија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Туѓите врескања се казна за моето молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш ме изнесуваат од нашата соба,” и се насмевна, како кога човек ќе си спомене на добрите стари времиња, “и ме носат во некоја од оние соби каде што врескаат, врескаат, врескаат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вртиш лево-десно по државата и заблежуваш стотици, илјадници, милиони луѓе кои носат во подмишките календари за годините што поминале и чекорат и дишат и изгледаат среќни (Коваќевиќ таквата среќа ја нарекува привидна).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега, по толку време, не знаеше дали токму некој од нив двајцата, татко му или Гамалиел, неговите први учители, кај него ја всадил онаа безмилосност со која подоцна ги прогонуваше христијаните до смрт, или пак неа отсекогаш самиот ја носел во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
При сето тоа, царот сеедно мислел и есапел какоф марифет да напраит и да 'и одучит синоите да не 'и носат в планина таткоите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле се облекол харно, се променил во хубаи рутишча, и се сторил како хеким, та поминал крај царскиот сарај и викал: „Хеким, хеким!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од тој саат беше се арнисал тој лош адет да се губат старите луѓе, да дури до денеска кај се држит тој адет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој тога го попрска со водата од изворот, шчо си носел во стомничето, и мостот се застојал, та мајсторите можеле веќе да го сврзеет и да го допрајеет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И момчето му кажало како го однесол на рамо татка си, и како му рекол татко му, и како го вратил дома, и како му кажал на татка си за синџирот одгоор да му даит нему (на царот).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И секогаш, кога ќе мораше да се поздрави со тоа старче, Змејко секогаш долго потоа го носеше во прстите впечатокот како да се поздравил со мртовец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сите оние луѓе од кој што секој поодделно носеше во себе по нешто толку разбирливо и блиско. Ваму немаше никаков пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се случуваше некоја и да експлодира да го фрли неколку метра од дупката, да го затрупа со земја или да му зделне од раката, од нозете, го носеа во болница, го лечеа, а потоа пак го тераа да вади бомби и гранати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во мене живееја исчекувања: ги носев во стиснатите прсти, во стиснатите очи, во стиснатите заби: раснеа од празниот клобурец на мојот стомак и ме олеснуваа да чекорам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, во тие натчовечки нагризувања на студените одаи, човекот и каменот сраснувале еден во друг: за дел топлина карпите им подарувале на луѓето студенило што ќе го носат во своето месо додека се живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде и Борис Калпак со долга пушка. „Готово е, Осип Сечковски и Трипун Караѓоз ќе го носат во Кукулино и Круме Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се грижеле за дробовите и за ноздрите во кои се таложела камена прашина; се чувал видот - понекогаш невидливи парченца камен се забуцувале во очите како раски и се носеле под клепките со денови, секако додека ноќните солзи не ќе ги исцеделе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој што не бил од малата легија носел во себе коба и подмолност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последен пат се обидов: „Никој не видел дека Онисифор Мечкојад тоа го сторил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кон нив сè било свртено со заби и со нокти, се морничавеле од најмал шум, глас или какво и да било движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волшебна песна ме носи во црвен виор, а ти знаеш - јас го сакам саксафонот. И гитарите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лирскиот талент што го носеше во себе знаеше мошне успешно да го вткае во секоја емисија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па и тебе однекаде те оттргнале, не доаѓаш на сопствените нозе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сосема сум прибран и најсилен од сите, а тоа и останувам, и покрај сè тоа ништо не ми користи, бидејќи сега ме фаќаат за глава и за нозе и ме носат в постела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секогаш во многу нешта ќе се владеам слично на дете, но слично на оние деца кои што од почеток го носат во себе полнолетникот како што, кога монструмчето вистински ќе порасне, тој еднакво го носи во себе детето, а nel mezzo del camin се дава ретко миротворно соживеење на барем два пристапи кон светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врати се, врати се, будалче! Ќе се каеш, целиот живот ќе се каеш, твојот детински ум те носи во уште поголемо зло, несреќно дете, малечок Леме!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во селото што го носи во себе Чинго, веќе се пробиле и елементите на онаа цивилизација што до пред педесетина години немаше никаков пристап во духовната сфера на народниот раскажувач.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно не знаевме дека ќе нѐ носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ што да му фрлеше: камен или дрво, тоа стрчнуваше и му го носеше в уста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се смести кај неа и за возврат ѝ ја чуваше и негуваше пудлицата која веќе Марија не ја носеше во Пансионот и не плаќаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Крај Пансионот, на паркингот, се гледаат неколку автомобили низ чии прозорци ѕиркаат кучешки глави во кои сопствениците ги носат во Пансионот или ги враќаат од него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ме виде генералниот секретар како влегувам во кабинетот, откако срдечно ме поздрави, веднаш ми рече: - Какво добро ве носи во ова време во нашата Казба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Судбината првин го носи во Минхен, против своја волја да изработува барокни бакрорези во едно познато ателје, оддалечувајќи го од неговиот идеал импресионизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Место запис може да се најде и предметче коешто според народното верување штити од уроци, болести и други незгоди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе го носат во болница, - си помисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу тие исполнители на наредбата од кадијата беа нашите познати бегови Јунус и Рифат во друштво со муфтијата, имамот и неколку оџалари и агалари, кои не сакаа да носат в раце дрва та затоа натоварија по еден коњ и ги растоварија на местото што им го покажаа сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Десет бурила барут не се начнати – се јави Илко Весков од Мелница во чија барутница се правеше барутот и секоја година по неколку товари се носеа во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија од рани зори ја вртеше рачката на машината за ронење, прва доаѓаше а последна си одеше и пченката од гредите на тремовите се преселуваше во големите вреќи, а вреќите во запрегата со која таа ги носеше во воденицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Онаа кожена ташна што сам ја имав шиено во Гаково веќе е распадната па книгите ги носам во голите раце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И, најпосле, така подготвена, со својата бунда која одамна не ја беше облекла, уште од денот кога скришум ја носеше во малото сопче на киното во кое, еден период, беше продавачка на билети, во времето кога на семејството му се закануваше глад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гракнежот нивни се слуша од поодамна, уште од пробивањето на фронтот кога луѓето од селото си ги бараа своите загинати по планината, им ги одграбнуваа, не им ги оставаа да ги колваат, ги носеа во селото и ги закопуваа во селските гробишта; отец Серафим пеејќи им молитва им ги споменуваше имињата и велеше: „Бог да ги прости“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не палјачовци. Зашто тие имаат смеа само за себе и ја носат во своите катници како змијата што го носи својот отров.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од вакви села беа оние што носеа во своите тупаници бунт, што прашуваа каков живот ќе бранат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не сум носел во себе љубов за друга.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Халт!„ рекоа и полека, како ловци на кои пленот им е в раце, се доближуваа, носеа во себе со тоа чекорење некоја урнувачка музика, занес на џинови се и чинеа што можеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го носев во себе своето проклетство да им верувам на сите Марии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога бликнал изгревот на другиот брег, еднаш кадијата му ја кажал на татко ми тајната што длабоко ја носел во себе со години: „Пријателе мил, со години идам крај Езерово во вашиот пријателски дом.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сами погодуваа оти право ќе ги носат во Ловаѓе каде што беше штабот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пази! Засега детево да не знае што носи во самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Којзнае кој сиромав го носел во Правта светска војна, а ние ќе вариме во него качамак.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ваквите недоразбирања ги поврзувам со различноста на сликите што ги носиме во нашите ковчези на сеќавањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие денови, кога Загорка Пеперутката ја носеше во косата најголемата црвена пеперуга што некогаш ја видел светот, беа некако чудно пролетни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- На големците отровите секогаш им ги носеле во златни чаши! - се смееше Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку не е лага дека таа се плашеше оти пеперугата ненајавено може да одлета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа долго ме носеа во ќебе де угоре, де удолу, како во сон го слушав жуборењето на потоците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вистинските домаќинки ваквите чевли ги носат в раце додека да ја изодат угорницата и калдрмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не ја оставав да пека по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Одамна отрпнати на ветерници во душите си ја носиме во зборовите и болката, и името, секогаш макар за влакно пред стрвот на ограбувачите на умни мисли и набабрени ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ане седеше на тротоарот на улицата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја носат во болница.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги носеше во ковчежето скриено покрај камата под неговата перница.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ме забраа да ме носат во Костур. На посигурно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Го познавам детето, вели жената, ние, на секое ваше барање, го носевме во Букурешт, но секогаш доаѓаше претставник на грчката партија и детето ни го одземаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде е полно агенти, вели, сакаат да ме украдат и да ме носат во Америка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
15. Ме кренаа да ме носат во Корча, во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По шест месеци, ме носат во Бутирскаја. Друг затвор, а темницата иста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Убиените ги товараат во камионите и ги носат во Лерин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие мириси беа измешани со мирисот на сувиот босилек што сите жени го носеа во џувки и по прчалките, а и ние машките секој имавме по некој страк босилек во џебовите, зашто така чинело, босилекот чува од зарази и секакви болести.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Одеднаш почувствував дека паѓам, дека цел се простирам преку улицата, а доматите, компирите и крушите што ги носев во една кошница, се разлазија по асфалтот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Татко ми ме носеше в раце и плачев толку силно и клоцав со нозете што еден човек му викна на татко ми: Лазо, зошто детето не го остави дома, само го мачиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа го развиткаа кетинот, долгото бело платно кое секој муслиман, преку целиот живот си го носи во чалмата врз глава, и од него, луѓето одредени за овој обред, исекоа и направија, без шиење, три парчиња за главата и градите кои ги врзаа едно со друго, така приготвувајќи го покојникот за заминувањето од овој привремен свет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Струмичката жупа, во српското со хрисовула се потврди во имотот на Хилендар, па секоја година на двапати, во половината на септември и во половината на март, сѐ што се збираше од народот се носеше во Хилендар, и тоа беше утврдено со оловен печат за да не се измрда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаат и ножеви, од оние малите, острите, што се носат во чорапи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се наведнеш и го вадиш без никој да те забележи и тешко си му на тој што е пред тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)