носи (гл.) - љубов (имн.)

Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Животот како прошетка низ болките и радостите што ни ги носи љубовта...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Таа утринава ми рече дека животот и не е ништо друго туку само прошетка низ болките и радостите на ретките убавини што ни ги носи љубовта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)