носи (гл.) - шише (имн.)

Пиеја и пееја, носеа шишиња со ракија и со вињак. Се братимеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стариот носел шише со ракија и неколку чашки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој од нив во раце имаше по една метална прачка, а пак многумина носеа шишиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доктор Татули беше љубител на пијалок, па луѓето што идеа кај него да се прегледуваат му носеа шишиња пијалок.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)