носи (гл.) - храна (имн.)

Немаше кибрит, но стражарот кој никогаш не ја отвораше устата и кој му ја носеше храната, му даваше да запали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Блиските од семејството му носеа храна, го потсетуваа кој ден и кое време беше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се тресеше учителот стиснат со жена му и син му во просториите на училиштето, се тресеа и селаните што тајно преку учителот им носеа храна на неколкуте српски војници скриени во училиштето кои ја имаа изгубено врската со својата единица при повлекувањето за Албанија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
БОРИС: Мајка ти носи храна. Знае дека заеднички изведуваме мал експеримент.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што мајка бараш по гробишта? Ќе мислат носиш храна на востаниците, јас ќе ја окркам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Местото, како што велеа готвачите и човекот што носеше храна, се викаше „Бањи“, а градот што беше во близината Дуреси.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секое утро Зоки и баба му му носат храна на петелот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А сега... Откако ги испрати двајцата постари браќа кон Калето, беше нивни ред да носат храна, не мина ни половина час, три пати се чу ударот на металната рака врз металното топче на надворешната порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едни ноќе носеа храна, други мугрите го пробираа млекото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така, во Арта, во Грција, ви го покажуваат мостот во кој е заѕидана некоја девојка: низ една пукнатина ѕирка прамен од нејзината коса и виси над водата како некакво златесто растение.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Самите се зафатиле со градбата, главно затоа што било тешко да се најдат градители, или затоа што требало многу да платат, или затоа што, како добри работници, им верувале на своите раце; нивните жени, наизменично, им носеле храна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)