носи (гл.) - поздрав (имн.)

Ги тевтиши што му згазиле во неговата „света земја“; ги псува, ги галати, но донесе пресуда да им удри Брниклијата по дваесет и пет дреновици и ги пушти да му носат поздрав на Арслана, дека Толе се свампирил и не пушта никого во својата територија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така ќе му носите здраво живо на мудурот, јузбашијата и вашиот мифетиш! — им рече, испраќајќи ги преку Сатока.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога влегоа внатре, Гоце праша: - Кој беше ти?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ти носам поздрав. - Сега ќе излезам! - одговори Гоце, ги пушти децата во дворот и си помисли: „Мора да има нешто?“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)