носи (гл.) - писмо (имн.)

Еден ден, додека ги чував овците на гумното бидејќи овчарите појадуваа, ми доаѓа една девојка и ми носи писмо од момчето Мане, нејзин братучед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури тој мисли, еден од демонстраторите му носи писмо во обичен син плик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ЛУКОВ: Не може. Ако не сакаш да го носиш писмото, дај ми го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Веројатно брат ми Коле го видел нашиот момок Васе како ми носи писмо од тебе, го зел да го прочита и му го дал на тато. Татко ми е многу, многу лут.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
МЕТОДИ: Сигурен. Врвев низ градината, го носев писмото од Иванов, знаеш каде...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти си Дуковице, велам. - Јас сум, вели Дуковица Вендиоска, ти носам писмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)