носи (гл.) - обетка (имн.)

БОРИС: Машко не носи обетки. МАТЕЈ: Машко не носи уши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто ќе му се јаготки на машко, кога машко не носи обетки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)