носи (гл.) - маж (имн.)

Кутнатите букови стебла од околните шуми, долги и по неколку метри, на рамо по стрмната угорнина ги носеа мажи и жени во одминати години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На брегот ја носеше маж ѝ Дукле со коњ и тоа ноќе за да не ја гледа никој кога ќе легне во вирот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)