носи (гл.) - луѓе (имн.)

Рече: - Не треба. Сега од овие работи имаме колку што сакаш. Носат луѓето од секаде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој најчесто на македонски, но понекогаш и на влашки јазик знај да ткај стихови со леснотија на пајажина и да ги носи луѓето околу себе во некои други, нови, убави и невидени светови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)