носи (гл.) - лек (имн.)

Тој не жалел пари. Ја носел по сите лекари и и носел лекови од најдалечни земји.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Братот лекар умееше да ги погоди Мајкините желби. Ѝ носеше лекови, витамини, кои таа продолжуваше еден дел да ги употребува, а другите да им ги дава и натаму на сиромашните и болни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)